• петок, 22 ноември 2024

САД одобри продажба на 400 крстосувачки ракети Томахавк на Јапонија

САД одобри продажба на 400 крстосувачки ракети Томахавк на Јапонија

Вашингтон, 18 ноември 2023 (МИА) - Соединетите Американски Држави одобрија продажба на 400 крстосувачки ракети Томахавк на Јапонија, објавија странските агенции, повикувајќи се на Пентагон.

Ракетите и соодветната опрема ќе бидат продадени за 2,35 милијарди долари.

Договорот со Токио предвидува трансфер на 14 системи за контрола на ракетите, како и обука на персоналот, обезбедување резервни делови и одржување. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан