• среда, 15 мај 2024

САД објавија сеопфатна забрана за азбест како дел од борба против ракот

САД објавија сеопфатна забрана за азбест како дел од борба против ракот

Вашингтон, 18 март 2024 (МИА) – Агенцијата за заштита на животната средина на САД (ЕПА) денеска објави сеопфатна забрана за азбест.

Новото правило забранува хризотил азбест, единствениот вид на тој влакнест минерал кој е во постојана употреба во САД.

Одлуката е донесена затоа што канцерогената супстанца сè уште се користи во некои белила со хлор, плочки за сопирачките и други производи и, како што соопшти агенцијата, секоја година убива десетици илјади Американци. јт/

Фото: Википедија комонс

Остани поврзан