• вторник, 11 јуни 2024

САД и ЕУ внимателно ги следат информациите за Раиси

САД и ЕУ внимателно ги следат информациите за Раиси

Скопје, 19 мај 2024 (МИА) – По веста дека хеликоптерот со кој се превезувале претседателот на Иран, Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдулахиан, принудно слетал во планинската област во провинцијата Источен Азербејџан, американскиот Стејт департмент соопшти дека внимателно ги следи информациите.

- Во овој момент немаме друг коментар, истакна портпаролот на Стејт департментот.

Тој додаде дека за тоа е информиран и претседателот на САД, Џо Бајден.

И Европска Унија соопшти дека внимателно ги следи информациите за Раиси.

- Нашето срце е со иранската нација како пријател и брат. Го молиме Бога за милост и грижа за претседателот, министерот за надворешни работи и нивните придружници, изјави портпаролот на Хамас, Изат ал Ришек.

Иранската државна телевизија повтори дека сè уште нема информации за судбината на патниците во урнатиот хеликоптер и оти не може да потврди дали има загинати или повредени лица.

Додека ИРНА јави дека сè уште не е локализирано точното место на инцидентот со хеликоптерот.

Во меѓувреме иранскиот духовен лидер, ајатолахот Али Хамнеи одржа итен состанок на Советот за безбедност на Иран.

Началникот на Генералштабот на иранската армија нареди користење на сите воени ресурси за помош во операциите за пребарување и спасување.

Сè уште не е лоциран хеликоптерот, а во областа паѓа ноќ. Воздушната потрага е прекината поради лошите временски услови, а сите спасувачки операции во моментов се изведуваат од земја, јави Иранската државна телевизија. ми/

фото: MIA arhiva

Остани поврзан