• вторник, 05 ноември 2024

Нетанјаху го назначи својот поранешен ривал Гидеон Сар на позиција во владата

Нетанјаху го назначи својот поранешен ривал Гидеон Сар на позиција во владата

Ерусалим, 29 септември 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска објави дека го именувал поранешниот ривал Гидеон Сар за член на неговиот кабинет.

Според нивниот договор, Нетанјаху рече дека Сар ќе добие место во безбедносниот кабинет, телото кое го надгледува водењето на војната.

Сар се надеваше дека ќе го замени министерот за одбрана Јоав Галант, но договорот за тој да стане министер за одбрана пропадна пред неколку недели откако се интензивираа борбите со Хезболах.

Како што јавуваат странските агенции, овој потег ја проширува владејачката коалиција на Нетанјаху и помага да се зајакне власта на израелскиот лидер. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан