• среда, 16 октомври 2024

САД го уверуваат Либан дека Израел ќе ги ублажи нападите врз Бејрут

САД го уверуваат Либан дека Израел ќе ги ублажи нападите врз Бејрут

Вашингтон, 15 октомври 2024 (МИА) - Американски претставници му кажаа на Либан дека Израел ќе ги ублажи нападите врз Бејрут и неговите јужни предградија, изјави денеска привремениот либански премиер Наџиб Микати.

„Во нашите контакти со американските власти минатата недела добивме своевидно уверување дека ескалацијата во јужните предградија и Бејрут ќе се намали“, рече Микати, според писменото соопштение објавено од неговиот кабинет.

Тој не даде други детали, но рече дека Вашингтон „сериозно размислува да изврши притисок врз Израел за да се постигне прекин на огнот“.

Заменик-генералниот секретар на Хезболах, Наим Касим, денеска изјави дека Хезболах усвоил „нова калкулација“ за да му нанесе болка на Израел, истовремено повикувајќи на прекин на огнот.

„Решението е прекин на огнот, ние не зборуваме од позиција на слабост. Ако Израелците не го сакаат тоа, ние ќе продолжиме“, додаде тој во телевизискиот говор.

Касим рече дека жителите на северен Израел ќе можат да се вратат дома откако ќе се постигне договор за прекин на огнот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан