• петок, 22 ноември 2024

САД ги повикаа ирачките власти да ги заштитат американските сили на нивна територија од нападите на проиранските милитантни групи

САД ги повикаа ирачките власти да ги заштитат американските сили на нивна територија од нападите на проиранските милитантни групи

Вашингтон, 24 април 2024 (МИА) – Американската војска денеска ја повика ирачката Влада да ги заштити американските војници во оваа земја и во Сирија, по неуспешните напади на проиранските милитантни групи врз американската воена база.

-Ја повикуваме ирачката Влада да ги преземе неопходните чекори за да ја осигура безбедноста на американските сили во Ирак и Сирија против нападите на овие групи. Доколку овие напади продолжат, нема да се двоумиме да ги браниме нашите сили, како што правевме во минатото, изјави портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

Нападите врз американските бази во претходните денови доаѓаат по повеќемесечна пауза, откако тројца американски војници беа убиени во Јордан во јануари.

САД во Ирак имаат распоредено 2.500 војници, а во источна Сирија уште 900.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан