САД/Избори: Проекција на Си-Ен-Ен: Трамп победи во Северна Каролина
- Поранешниот претседател Доналд Трамп ќе победи во клучната држава Северна Каролина, проектира Си-Ен-Ен.
Вашингтон, 6 ноември 2024 (МИА) – Поранешниот претседател Доналд Трамп ќе победи во клучната држава Северна Каролина, проектира Си-Ен-Ен.
Во Северна каролина во прашање се 16 изборни гласови. Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори.
Поранешниот претседател Доналд Трамп и во 2020 година победи во Северна Каролина.
Според досегашните проекции, Трамп има 227 електорски гласови, а кандидатката на Демократите Камала Харис има 153.
Северна Каролина е една од најрамномерно поделените држави во САД, и додека Барак Обама победуваше таму во 2008 година, републиканците оттогаш ја добиваат тесно на сите избори, иако државите како Џорџија и Аризона се оддалечија од нив. јт/
Фото: ЕПА