• четврток, 26 декември 2024

Повторно се отвора трката за Порто Романо, стратешка инвестиција за Албанија и за регионот

Повторно се отвора трката за Порто Романо, стратешка инвестиција за Албанија и за регионот

Тирана, 26 декември 2024 (МИА) - Албанската вицепремиерка, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку денеска соопшти дека е повторно отворен меѓународниот повик за изградба на новото пристаниште Порто Романо кај Драч.

- Изградбата на пристаништето Порто Романо е стратешка инвестиција за Албанија и регионот. Рокот за доставување на понудите е 7 февруари идната година а завршувањето на првата фаза од работите планирано е да трае 40 месеци, објави Балоку на Фејсбук.

Таа ги покани домашните и странските економски оператори да учествуваат на овој меѓународен тендер.

Според податоците објавени во Агенцијата за јавни набавки, проценетиот лимит на фондот е 39,3 милијарди леки.

-Првично конкурсот беше отворен кон крајот на јули годинава. Тендерскиот процес за новото пристаниште во Порто Романо го водеше холандската компанија Ројал Хасконинг, но поради несоодветни понуди тендерот беше откажан, наведува агенцијата.

Додава дека Порто Романо се смета за една од најважните пристанишни инвестиции во Албанија, бидејќи ова пристаниште не само што ќе ја опслужува земјата, туку ќе ги опслужува и Косово и Северна Македонија. вт/

Фото: ФБ на Балоку

Остани поврзан