• петок, 27 декември 2024

Најмалку три лица загинаа во автобуска несреќа во Норвешка

Најмалку три лица загинаа во автобуска несреќа во Норвешка

Осло, 26 декември 2024 (МИА) – Најмалку три лица загинаа, а четворица се тешко повредени во автобуска несреќа што се случи во северна Норвешка, соопшти денеска локалната полиција.

Возилото излетало од патот и делумно завршило во езерото Асватнет, во областа Хадсел на северозападниот брег на земјата.

Полицијата соопшти дека многу од патниците биле странски државјани и оти 58 лица биле погодени од несреќата, пренесе ДПА.

Несреќата се случила на пат кој го поврзува архипелагот Лофотен со копното.

Во моментот на несреќата имало лоши временски услови, јави норвешкото радио. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан