• четврток, 26 декември 2024

Пакистанскиот воен суд осуди 60 цивили на затворска казна од две до десет години

Пакистанскиот воен суд осуди 60 цивили на затворска казна од две до десет години

Карачи, 26 декември 2024 (МИА) - Пакистанскиот воен суд осуди 60 цивили на затворска казна од две до 10 години во врска со нападите врз воени објекти по апсењето на поранешниот премиер Имран Кан во 2023 година, соопшти денеска канцеларијата за медиуми на пакистанската армија.

Од истите причини пред неколку дена беа изречени затворски казни за група од 25 цивили.

Апсењето на Кан во мај минатата година предизвика протести низ целата земја, при што неговите приврзаници напаѓаа и ограбуваа воени објекти. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан