• сабота, 23 март 2024

РЦЦ: Почнаа номинациите за Жена претприемач од Западен Балкан за 2022 година

РЦЦ: Почнаа номинациите за Жена претприемач од Западен Балкан за 2022 година

Сараево, 3 февруари 2023 (МИА) – Генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу денеска изјави дека започнаа номинациите на кандидатите за наградата Жена претприемач од Западен Балкан за 2022 година.

РЦЦ ги покани сите заинтересирани до 28 февруари да номинираат жена претприемач на годината во една или повеќе категории - жена еколошки претприемач, креативна жена претприемач, жена претприемач во туризмот, жена претприемач Ромка, жена стартап претприемач и млада жена претприемач.

Намерата на иницијативата е да се оддаде „скромно признание на храбрите и силни жени кои се осмелиле да се борат против стереотипите и да донесат промени“ и дека придонесот на жените претприемачи е клучен за напредокот на Западен Балкан.

РЦЦ минатата година ја воспостави наградата за жени претприемачи на годината од Западен Балкан како дел од својата програма за економско зајакнување на жените во рамките на Акцискиот план за заеднички регионален пазар 2021-2024 година. ми/

Остани поврзан