• сабота, 21 декември 2024

Руски сили нападнаа енергетска инфраструктура во регионот Суми во Украина

Руски сили нападнаа енергетска инфраструктура во регионот Суми во Украина

Киев, 17 септември 2024 (МИА) - Руски сили нападнаа енергетска инфраструктура во североисточниот украински регион Суми, предизвикувајќи прекини на електричната енергија во некои окрузи и принудувајќи ги властите да се префрлат на резервни енергетски системи, соопштија денеска локалните власти.

Нападот предизвикал штети во окрузите Конотоп, Охтирка и Суми, при што критичните инфраструктурни објекти користеле резервни системи за напојување, објавија регионалните власти преку апликацијата Телеграм.

Водоснабдителните објекти во Суми информираа дека ноќниот напад предизвикал прекин на струјата, поради што морале да преминат на итно напојување.

Вршителот на должноста градоначалник на Суми, Артем Кобзар, изјави дека во градот нема жртви и дека енергетските екипи работат на отстранување на последиците од нападот.

Регионалните власти објавија дека противвоздушната одбрана соборила 16 дронови над регионот.

Украинските воздушни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта лансирала 51 беспилотно летало за напад врз земјата, од кои 34 биле соборени благодарение на дејствувањето на противвоздушната одбрана во пет региони. ссм/

фото: архива

Остани поврзан