• сабота, 11 мај 2024

Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети

Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети

Москва, 4 мај 2024 (МИА) – Руските системи за противвоздушна одбрана уништиле четири ракети со долг дострел ATACMS испратени во Украина од САД и лансирани од Киев врз полуостровот Крим, соопшти утрово руското Министерство за одбрана.

Сè уште не се познати обемот и влијанието на нападот на Крим, кој Москва незаконски го анектираше во 2014 година.

Киев сè уште јавно не ги коментирал тврдењата на Русија. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан