• четврток, 14 ноември 2024

Русија со протестна нота до американски дипломат поради „провокативни“ дејствија на новинари во Курск

Русија со протестна нота до американски дипломат поради „провокативни“ дејствија на новинари во Курск

Москва, 20 август 2024 (МИА) - Русија повика на разговор висок американски дипломат за да вложи протестна нота поради „провокативните дејствија“ на американските новинари.

Министерството за надворешни работи на Русија обвини дека новинарите незаконски влегле во регионот Курск, каде што украинските сили извршија инвазија пред две недели, и планира да ги гони судски.

Министерството соопшти дека вршителката на должност Стефани Холмс била информирана дека новинарите нелегално влегле на територијата, која неодамна беше цел на украински напад. Русија планира да покрене правни постапки против новинарите за нивното неовластено влегување и поради тоа што руската страна не била информирана за нивните активности во тој регион.

На Холмс, исто така, и било посочено дека странските платеници кои незаконски ја преминуваат руската граница се потенцијална цел за руските воени сили. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан