• четврток, 26 март 2026

Русија синоќа уништи 121 украински дрон, Украина собори 64 од 150 руски дронови

Русија синоќа уништи 121 украински дрон, Украина собори 64 од 150 руски дронови

Москва, 2 мај 2025 (МИА) - Руските системи за воздушна одбрана синоќа уништија вкупно 121 украински беспилотни летала, соопшти руското Министерство за одбрана.

Дежурните системи за воздушна одбрана уништија 121 беспилотни летала од типот авиони, вклучувајќи 89 над територијата на Република Крим, 23 над Црното Море, четири над Краснодарската територија, два над Орјолската област и по еден над Азовското Море, Брјанската област и Белгородската област, прецизираше Министерството.

Украинските воздухопловни сили денеска објавија дека Русија испратила 150 беспилотни летала против Украина во напад синоќа, објавија украинските медиуми. 

Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 64 од нив, додека други 62 дронови не ги достигнале своите цели, веројатно поради ефектите од електронското војување. Не е прецизирано што се случило со преостанатите 24 дронови. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан