• понеделник, 23 декември 2024

Русија објави дека има борби во областа Белгород во близина на границата со Украина

Русија објави дека има борби во областа Белгород во близина на границата со Украина

Москва, 14 март 2024 (МИА) - Русија денеска извести за обновени борби во нејзиниот регион Белгород, кој е блиску до границата со Украина, јави ДПА.

-Украинските војници се обиделе да влезат во рускиот регион Белгород, но руските војници го одбиле нападот, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

Кремљ соопшти дека до 195 војници биле убиени, а уништени биле пет тенкови и четири оклопни возила.

Во меѓувреме, независните руски медиуми укажаа на најавите на паравоените групи Руски волонтерски корпус и Руската легија на слободата, кои најавија напади врз регионите Белгород, Курск и Брјанск на социјалните мрежи утринава.

Претходно оваа недела тие направија уште еден пробив, но беа брзо одбиени, според официјалните руски извештаи.

Набргу по најновите извештаи на вооружените групи, жителите на Белгород пријавија експлозии денеска наутро. Министерството за одбрана и гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, се осврнаа на нападите со беспилотни летала и ракети и рекоа дека тие биле одбиени.
Исто така, се споменуваше дека една жена е убиена, а неколку луѓе се повредени, наведува ДПА. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан