• среда, 26 јуни 2024

Русија и Белорусија ја почнаа втората фаза од нуклеарните тактички вежби

Русија и Белорусија ја почнаа втората фаза од нуклеарните тактички вежби

Москва, 11 јуни 2024 (МИА) - Руската и белоруската војска ја започнаа втората фаза од вежбите за распоредување на тактичко нуклеарно оружје по, како што тврди Москва, закани од западните сили.

Во првата фаза, руските трупи вежбаа како да ги вооружуваат и распоредуваат ракетите Искандер, додека воздухопловните сили вежбаа вооружување на хиперсонична ракета Кинжал, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, пренесе Бета.

Втората фаза вклучува обука на руски и белоруски единици „за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје“.

-Целта на вежбите е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратешко нуклеарно оружје на Русија и Белорусија, со цел безусловно обезбедување на суверенитет и територијален интегритет, соопшти Министерството.

Русија тврди дека САД и нивните европски сојузници го туркаат светот на работ на нуклеарен конфликт обезбедувајќи и на Украина оружје насочено кон руска територија. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан