• петок, 22 ноември 2024

Русија го обвини Израел за нападот врз иранската Амбасада во Дамаск

Русија го обвини Израел за нападот врз иранската Амбасада во Дамаск

Москва, 2 април 2024 (МИА) - Русија синоќа го осуди како „неприфатлив“ нападот извршен врз конзуларното одделение на иранската амбасада во Дамаск, Сирија, а одговорноста за тој чин и ја препиша на израелската армија.

„Силно го осудуваме овој неприфатлив напад врз иранското конзуларно претставништво во Сирија“, се наведува, меѓу другото, во соопштението од руското Министерство за надворешни работи. Во него се додава дека е „неприфатлив“ секој напад врз дипломатски објект.

„Го повикуваме раководството на Израел да запре со провокативните акти на вооружено насилство на териториите на Сирија и соседните земји“, порача Москва, предупредувајќи на „екстремно опасни последици“ за целиот регион.

Нападот, во кој загинаа седум членови на иранската револуционерна гарда, вклучително и двајца генерали, му се припишува на Израел.

Иран синоќа вети дека ќе се одмазди за тој чин.

Во меѓувреме, САД се оградија, соопштувајќи дека немале ништо со овој напад врз иранската амбасада. Според американски официјален претставник, САД му кажале на Иран дека не се вмешани ниту претходно биле информирани за израелскиот напад врз дипломатски комплекс во Сирија во кој загина висок ирански генерал, јави информативниот портал Аксиос.

Бригадниот генерал Мохамад Реза Захеди е највисокиот офицер на Корпусот на Исламската револуционерна гарда убиен по убиството на Касен Сулејмани во САД во 2020 година.

Портпаролот на Советот за национална безбедност изјави за Аксиос дека САД „немале вмешаност во (израелскиот) напад и не сме знаеевме за него предвреме“. Тој додаде дека оваа порака била испратена диретно до Иран.

Ваквата ретка диреткна порака, според Аксиос, покажува дека администрацијата на Џо Бајден е длабоко загрижена дека израелскиот напад може да доведе до регионална ескалација и продолжување на нападите на проиранските милиции против американските сили. ссм/

фото: ЕПА

  

Остани поврзан