• вторник, 19 ноември 2024

РСЕ поднесе тужба против Русија пред Европскиот суд за човекови права

РСЕ поднесе тужба против Русија пред Европскиот суд за човекови права
Москва, 16 април 2021 (МИА) - Московската филијала на Радио слободна Европа (РСЕ) соопшти дека поднела тужба до Европскиот суд за човекови права со цел да им наложи на руските власти да се воздржат од изрекување парични казни што може да и нанесат „неповратна штета“ на медиумот. РСЕ годинава е казнет парично во согласност со рускиот закон со кој е обележан како организација што „извршува функција на странски агент“. Руските власти имаат опција да ги блокираат средствата на РСЕ или да го блокираат пристапот до нивните медиумски страници доколку не се платат казните. Додека на нивниот генерален директор Андреј Зазари му се заканува затворска казна од две години и личен банкрот, бидејќи паричната казна може да достигне околу 33 милиони долари до крајот на годината. РСЕ се финансира од грант од американскиот Конгрес преку американската агенција за глобални медиуми и тврди дека има целосно независна уредничка политика заштитена со американските закони и дека барањето за такво обележување претставува голема штета за нивниот бизнис. ми/

Остани поврзан