• понеделник, 25 ноември 2024

Роџер Вотерс му пишал писмо и на Путин

Роџер Вотерс му пишал писмо и на Путин

Краков, 27 септември 2022 (МИА) - Откако двата концерта во Полска на коосновачот на „Пинк флојд“ - Роџер Вотерс, беа откажани по отвореното писмо на музичарот до првата дама на Украина, Олена Зеленска, Вотерс сега дека му напишал писмо и на рускиот претседател Владимир Путин.

„Неодамна прочитав коментари на социјалните мрежи, околу тоа - зошто сум ѝ пишал на г-ѓа Олена Зеленска, а не на г-н Владимир Путин? Многу добро прашање, мило ми е што го поставивте. Еве го отвореното писмо на Роџер Вотерс до Владимир Путин“, објави музичарот, приложувајќи го својот напис. Надлежните во Краков во меѓувреме нагласија дека нема да толерираат уметник кој шири непристојни ставови „против Украина“. Кусо потоа, Вотерс на својот Фејсбук откри дека му пишал и на Путин, објаснувајќи дека „се обидел да го искористи своето мало влијание за да поттикне прекин на огнот и дипломатско решение поврзано со безбедносните потреби на Украина и Руската Федерација“. Во писмото, музичарот нагласува дека не зазема страна и како да сака да ги критикува и двете спротивставени страни. „Знам, знам, САД и НАТО напаѓаат други суверени земји кога сакаат, или за неколку барели нафта, но тоа не значи дека треба и вие така. Вашата инвазија врз Украина целосно ме изненади. Тоа беше грозоморна војна на агресија - без оглед дали испровоцирана или не. Кога г-ѓа Зеленска ми одговори преку Твитер, бев многу изненаден и длабоко трогнат. Ако ми одговорите, многу би ве почитувал поради тоа и тоа би било чесен чекор во вистинската насока кон одржлив мир“, нагласува Вотерс во писмото до претседателот на Русија. си/ми/

Остани поврзан