• вторник, 25 јуни 2024

Роналдо е амбициозен да игра на Светското првенство во 2026 година

Роналдо е амбициозен да игра на Светското првенство во 2026 година

Берлин, 17 јуни 2024 (МИА) - Кристијано Роналдо има намера да игра и на Светското првенство во 2026 година, објави во понеделникот „Релево“. 39-годишниот напаѓач на Португалија планира да продолжи да настапува на највисоко можно ниво и дава најава за следното Светско првенство. Турнирот во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Кристијано Роналдо во моментов се подготвува со селекцијата на Португалија за ЕП 2024. Иберијците во првиот натпревар од групната фаза на турнирот во Германија ќе се соочат со Чешка.

Напаѓачот оваа сезона постигна 35 гола и даде 11 асистенции на 31 натпревар за Ал-Наср во лигата на Саудиска Арабија.

Роналдо со португалскиот тим стана европски шампион во 2016 година. До денес, стрелецот учествувал и се пријавил на пет последователни Светски првенства, а своето деби на Светското првенство го имаше во 2006 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан