• петок, 10 мај 2024

Романо: Аморим фаворит за замена на Клоп

Романо: Аморим фаворит за замена на Клоп

Лисабон, 1 април 2024 (МИА) - Фабрицио Романо продолжува да тврди дека шефот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим е чекор понапред од останатите претенденти за функцијата менаџер на Ливерпул.

Јирген Клоп ја пофали работата на Роберто Де Зерби по неделната победа од 2:1 над Брајтон, но тоа е далеку од тоа дека Италијанецот ќе го наследи на „Енфилд“.

Според Романо, Ливерпул ќе се одлучи токму Аморим откако стана јасно дека Чаби Алонсо и следната сезона ќе остане во Баер Леверкузен.

Спортинг моментално води во поредокот на Португалија, имајќи бод предност и натпревар помалку пред второпласираната Бенфика. дс

Фото: Архива

Остани поврзан