• среда, 05 март 2025

Ристовски: Без вложување во инфраструктурата нема развој на спортот, Прилеп ќе ја добие „Универзалната сала“

Ристовски: Без вложување во инфраструктурата нема развој на спортот, Прилеп ќе ја добие „Универзалната сала“

Прилеп, 5 март 2025 (МИА) - Прилеп ќе ја добие во функција спортската сала, Универзалната, што ќе биде прва сала по подолго време, откако фирмата „Комфи Ангел“ која пројави интерес да ја реконструира и да ја земе на користење, се договори со ПУИГ, изјави во Прилеп министерот за спорт Борко Ристовски. Тој денеска пригодно го пушти во употреба реконструираното спортско игралиште во кругот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“.

-За да избегнеме административни процедури, па салата прво да биде префрлена со ингеренции на Министерството, кое потоа ќе ги префрла ингеренциите на заинтересирани, оставивме да се договорат ПУИГ и заинтересираната компанија „Комфи ангел“ од Прилеп, сопственик на прилепскиот ракометен клуб, да се договорат. Тие веќе имаат состаноци. Компанијата се обврза да ја реконструира спортската сала за потоа да ја добие на неограничено користење. Со тоа решение ги скративме постапките. Извршив разговор со директорот на ПУИГ кому му се кажани насоките од Министерството и од Владата и ги споивме со заинтересираната компанија „Комфи Ангел“, изјави Ристовски.

Ристовски нагласи дека стои на ветувањето за спортската сала да биде ставена во функција за Прилеп да ја добие, зашто со години овој спортски град нема сала. Реконстрикцијата се очекува да чини од 350 000 до 500 000 евра.

Министерот за спорт, Борко Ристовски изјави дека што се однесува до другата приелпска спортска сала, „Македонија“, треба да се раскине досегашниот договор, а тоа ќе се направи откако ќе бидат обезбедени средства за реконструкција на салата.

-Кога ќе го обезбедиме буџетот за реконструкција на салата „Македонија“ ќе се раскине досегашниот договор. Очекувам дека буџетот ќе го обезбедиме до крајот на годината и салата ќе биде реконструирана и повторно вратена на општина Прилеп на користење, рече Ристовски.

Комплескот „Маркови кули државата ќе го земе под свое владение и ќе се бара инвеститор за него.

Инаку, реконструираното спортско игралиште во прилепската гимназија е со средства на Министерството за спорт.

-Секогаш ќе бидеме на страната на младите, на нстраната на спортот и ова е мал гест со кој сакаме да покажеме дека без вложување во добра инфраструктура , не можеме да очекуваме развој на спортот. Овие игралишта се многу битни за младите да се оттргнат од пороците на модерното време. Досега имаме реконструирано 14 спортски мултинаменски игралишта и наша интенција е до крајот на годинава да се обноват 50-тина, рече Ристовски.

Во наредниот период, општина Прилеп ќе го финансира реконструирањето на спортската сала во пгимназијата „Мирче Ацев“.ем/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан