• четврток, 23 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ризикот да се загине на патиштата во Бугарија е 2,5 пати поголем од просекот во ЕУ

Ризикот да се загине на патиштата во Бугарија е 2,5 пати поголем од просекот во ЕУ

Софија, 18 август 2025 (МИА) – Ризикот да се загине во сообраќајна несреќа во Бугарија е 2,5 пати поголем од просекот на Европската Унија, се вели во соопштение на Институтот за патна безбедност, пренесе Бугарското национално радио (БНР).

Директорот на Институтот, Богдан Милчев, предупредува дека е неопходно итно насочување кон отстранување на пропустите во работата на институциите, бидејќи постои чувство за системска неодговорност.

Поминаа речиси три месеци од ултиматумот на премиерот Росен Жељазков за видливи резултати во подобрувањето на патната безбедност, но тие резултати сè уште ги нема, стои во соопштението.

Податоците за јули и првите денови од август покажуваат дека бројот на жртви во сообраќајки не е намален во споредба со минатата година – напротив, во август бројките се повисоки. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан