• вторник, 21 мај 2024

Реј: ФБИ истражува околу сто кибер напади со барања за откуп, а дел од нив се извршени од Русија

Реј: ФБИ истражува околу сто кибер напади со барања за откуп, а дел од нив се извршени од Русија
Вашингтон, 4 јуни 2021 (МИА) - Директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ), Кристофер Реј за „Волстрит џурнал“ изјави дека ФБИ истражува речиси 100 различни типови на кибер напади, меѓу кои и блокирани пристап до компјутерски системи со барања за откуп. Тој во денешното интервју истакна дека Русија им дава засолниште на многу познати хакери кои користат софтвер за откуп. - Секој од 100. различни видови на злонамерен софтвер е поврзан со многукратни кибер напади за откуп во САД, посочи Реј. Кремљ тврдењата на Реј дека Русија е засолниште за хакерите ја оцени како „емотивна реакција“. Пред неколку дена, кибер напад ја прекина работата на американските и австралиските филијали на бразилската компанија за преработка на месо ЈБС, а Белата куќа за нападот обвини хакери кои се кријат во Русија.  ми/

Остани поврзан