• вторник, 05 ноември 2024

Ресен слави со семејството на Ристо Георгиевски за новиот Хјундаи Тусон освоен на инстант лоз на Државна лотарија

Ресен слави со семејството на Ристо Георгиевски за новиот Хјундаи Тусон освоен на инстант лоз на Државна лотарија

Со Државна лотарија постојано се нижат убави и среќни вести Во најубавиот месец во годината, Државна лотарија Ви претставува уште еден среќен добитник кому му ја разубавивме годинава што изминува. Тимот на Државна лотарија заедно со Марјана го посетија градот на јаболката − Ресен каде што се сретнавме со новиот добитник на Hyundai Tucson, Ристо Георгиески и неговото семејство.

Марјана ги предаде клучевите од прекрасниот автомобил пред продажното место „СИМ Комерц“ од каде што е купен добитниот инстант лоз од серијата под име „7х7“, а Ристо за возврат ни ја раскажа среќната приказна. Имено, Ристо купил само еден инстант лоз во кој се криела помала добивка, а ја заменил за нов лоз „7х7“. Неколку дена подоцна, на 13 ноември, иако Ристо верувал дека бројот 13 за него е баксузен, среќата го разубеди во спротивното, стана сопственик на Hyundai Tucson. Прв на кого се јавил за да ја сподели среќната вест е неговиот зет, кој вели дека очекувал Ристо да стане добитник на некоја од главните премии со оглед на тоа дека е љубител на игрите на среќа на Државна лотарија и постојано ја предизвикувал среќата.

„Токму континуитетот во потрага по среќата е и тајната на успехот “ - ги посоветува упорниот добитник сите трагачи по среќата. Инстант лзоот „7х 7“ крие уште атрактивни премии под брендот Hyundai и голем број други парични добивки. Во сегашната понуда игри на среќа на Државна лотарија има најголема и најбогата понуда досега: од парични средства и до 10 000 000 денари, автмобили и станови. Пред неполн месец ја промовиравме нашата нова интерент-платформа www.megawin.mk којашто руши рекорди во интересот за игра, а играта на среќа Лото 7 нуди рекордна премија од над 52 000 000 денари што може да се освојат со малку среќа. Оваа 2023 година е досега најдинамична и најбогата година на Државна лотарија, којашто преку својот нов слоган порачува дека СРЕЌАТА Е НАСЕКАДЕ!

 

Со почит,

Државна лотарија

 

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан