Lyca Mobile од денеска станува МТЕЛ: Поквалитетни услуги и проширена понуда за сите корисници
Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Групацијата Телеком Србија, успешно го заврши процесот на аквизиција на Lyca Mobile, што означува значаен момент во посветеност на компанијата за проширување на своите услуги и збогатување на искуствата на корисниците во Македонија. „Особено сме задоволни што можеме да објавиме дека преговорите и сите административни постапки за преземање на телекомуникацискиот оператор Lyca mobile се успешно завршени и од денеска Lyca mobile станува МТЕЛ. Уверени сме дека корисниците кои со овој договор преминуваат во МТЕЛ семејството ќе бидат задоволни од зголемениот квалитет на услуги и поволности кои што им ги нудиме како телекомуникациски оператор. Како компанијата, сме горди што ќе им овозможиме да искусат едно поинакво дигитално искуство со користење на мобилната телефонија од МТЕЛ, но и останатите услуги како сателитска телевизија, интернет, стриминг платформата MOVE. Станува збор за аквизиција која што е дел од нашите стратешки планови за раст и развој на македонскиот телекомуникациски пазар, план кој што продолжуваме да го реализираме и понатаму со цел зголемување на пазарниот удел, бројот на корисници, бројот на вработени и понудата на врвни телекомуникациски услуги за македонските корисници“, вели генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ. Со овој договор, кон МТЕЛ семејството се придружуваат близу 60 илјади корисници на кои компанијата е посветена да им обезбеди непречена транзиција кон МТЕЛ услугите. Постојните клиенти на Lyca Mobile ќе имаат беспрекорна транзиција кон МТЕЛ мрежата, со неколку нови придобивки: 1. Подобрени Интернет-пакети: Корисниците ќе продолжат да ги уживаат истите поволности како претходно, со зголемени дозволени податоци за тековните пакети. Дополнително, МТЕЛ воведе два нови пакети дизајнирани да понудат уште поголема вредност. 2. Флексибилни опции за обновување на пакетите: за дополнителна погодност, клиентите сега можат да се одлучат за автоматско обновување на пакетите за 3, 6 или 12 месеци. 3. Бесплатни минути во МТЕЛ зона: Сите корисници ќе добијат пристап до 1.000 минути бесплатни разговори во MTEL зоната, што дополнително ќе ги подобри нивните опции за комуникација. МТЕЛ зона се состои од: Македонија (MTEL MK), Србија (mts), Црна Гора (m:tel), Босна и Херцеговина (m:tel), Швајцарија (MTEL Switzerland), Австрија (MTEL Austria) и Германија (MTEL Germany) 4. Постпејд понуда и купување уред: За оние кои сакаат да се префрлат на постпејд план, МТЕЛ нуди флексибилност за пренос на нивниот број во постпејд и купување мобилни уреди на рати. 5. Пристап до поширокото портфолио на услуги на MTEL: Корисниците сега можат да ги здружат своите постоечки услуги со други понуди од портфолио на производи на МТЕЛ. Миграцијата на корисниците ќе се врши во фази за да се обезбеди непречена транзиција. Корисниците ќе добијат SMS известување 24 часа пред нивната закажана миграција на мрежата MTEL MK. Откако ќе се мигрира, името на операторот на уредот на корисникот ќе се смени во „MTEL MK“. Доколку и по ова не се појави „МТЕЛ МК“ во делот на оператор, ќе биде потребно да се рестартира уредот. Во случаи кога е потребно, ќе се обезбеди замена на SIM картичката. Фокусот на МТЕЛ останува на обезбедување висока квалитетна услуга за корисниците и обезбедување непречен премин за сите корисници кон МТЕЛ семејството. За повеќе информации, посетете ја www.mtel.mk или јавете се на 15 010.
____________________________________________
MИА - ОТС Комерцијални соопштенија
Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.