• сабота, 06 декември 2025

Реконструкција на неколку булевари во Кавадарци 

Реконструкција на неколку булевари во Кавадарци 
Кавадарци, 15 февруари 2023 (МИА) - Со привршување на првата делница, се преминува на реконструкција на втората делница од проектот на КФВ банка во Кавадарци, што ги опфаќа булеварите „Македонија“, „Никола Минчев“ и „Цветан Димов“. За ова попладнево информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 
 
- Денеска на булеварот „Македонија“ се започна со монтажа на атмосферска канализација во должина по целиот булевар со Ф 1.200 цевки од 600 метри. Изведувач на работите е компанијата „Жикол“, соопштија од градоначалничкиот кабинет. 
 
Оттаму нагласија дека континуирано, како во урбаните, така и во руралните месни заедници, се изведуваат проекти од комуналната сфера. свд/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан