Реконструирано кошаркарското игралиште во село Владевци, Општина Василево
- Владевци доби реконструирано кошаркарско игралиште. Поставена е модерна тартан подлога и со тоа ова игралиште е прво од ваков тип во нашата општина, објавија денеска од локалната самоуправа.
Струмица, 10 септември 2025 (МИА) - Владевци доби реконструирано кошаркарско игралиште. Поставена е модерна тартан подлога и со тоа ова игралиште е прво од ваков тип во нашата општина, објавија денеска од локалната самоуправа.
Се додава дека се поставени нова ограда и нови кошеви, а селото добило ново квалитетно место за рекреирање.
Во информацијата се наведува дека реконструкцијата е целосна и е направена со поддршка и партнерство со Државната видео лотарија на Македонија – „Касинос Аустриа“ Скопје која го обезбеди вкупниот буџет во износ од 1 милион денари.
На ова игралиште повеќе години, по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, се одржува и традиционалниот Street basket турнир на кој се натпреваруваат екипи од регионот. рт/мд/
Фото: Општина Василево