• петок, 15 ноември 2024

Регионален форум „Влијанието на Ковид-19 врз економијата, со посебен фокус на социјалната економија“

Регионален форум „Влијанието на Ковид-19 врз економијата, со посебен фокус на социјалната економија“
Скопје, 28 февруари 2022 (МИА) - Регионален форум „Влијанието на Ковид-19 врз економијата, со посебен фокус на социјалната економија“ ќе се одржи денеска онлајн на платформата Зум. - Домашни и експерти од регионот ќе зборуваат за актуелната состојба со влијанието на Ковид-19 врз економијата, особено врз социјалната економија и начините како одделни земји се справуваат со неа. Тие ќе се осврнат и на функционирањето на меѓу секторската координација, а на крајот ќе предложат препораки за политиките за намалување на социо-економските ефекти од Ковид-19, соопшти Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Форумот е дел од регионалниот проект „Поттикнување на регионална соработка и одговори на ниво на политики во време на криза“ што го спроведуваат Партнерс Албанија за промени и развој, МЦМС, Центарот за граѓански иницијативи, Центарот за развој на невладини организации, Граѓански иницијативи и Фондацијата за граѓанско општество на Косово. - Проектот е финансиран од Балкан траст фор демокраси (Balkan Trust for Democracy), проект на Џерман маршал фонд на САД и УСАИД (German Marshall Fund of the United States), се вели во соопштението. мс/мд/

Остани поврзан