Реал Мадрид со најмногу номинации во идеалниот тим на Ла Лига
- Реал Мадрид има најмногу фудбалери номинирани за идеалниот тим на сезоната во Ла Лига, кој го избираат навивачите.
Мадрид, 2 мај 2024 (МИА) - Реал Мадрид има најмногу фудбалери номинирани за идеалниот тим на сезоната во Ла Лига, кој го избираат навивачите.
Осум играчи на идниот шампион беа наградени меѓу најзаслужните за своите позиции - Андриј Лунин, Даниел Карвахал, Антонио Ридигер, Тони Крос, Федерико Валверде, Џуд Белингем, Родриго и Винисиус Јуниор.
Во исто време има шест претставници на Барселона - Роналд Араухо, Жоао Кансело, Френки де Јонг, Илкај Гундоган, Роберт Левандовски и Ламин Јамал. Шест се на сензацијата на Жирона.
На веб-страницата на лигата, секој поддржувач може слободно да гласа за најдобрите 11 по позиции до 5 мај, а потребна е бесплатна регистрација. дс
Фото: Фејсбук/Реал Мадрид