• четврток, 16 мај 2024

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 2 јуни 2021

ВМРО-ДПМНЕ изгубени во својата деструктивност продолжуваат со лажни вести да ја манипулираат јавноста и да работат против здравствениот систем, против јавното здравје. 

11 години ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека ќе изгради Клинички центар а сега кога се создадени услови за почеток на негова изграда, оваа партија кочи и блокира.

ВМРО-ДПМНЕ постојано е против здравствениот систем. Го кочеа заемот за опремување на здравствените установи и мобилни ковид болници, сега во Собранието го блокира Законот за изградба на клинички центар, со кој македонското здравство по 80 години ќе добие нов, модерен Клинички центар.

Со лаги и манипулации си бараат алиби за блокадите, за нив на прво место се дневно-партиските интереси, а на последно интересите на граѓаните и државата.

Граѓаните знаат дека СДСМ се грижи за здравјето и за унапредување на здравствениот систем, а ВМРО-ДПМНЕ го загрозува и опструира.

Поради таквото однесување ВМРО-ДПМНЕ шест пати по ред се казнеи од граѓаните на избори, затоа уште долго ќе останат во опозиција.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан