ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС манипулираат со јавноста за минималната плата
- СООПШТЕНИЕ - Филипче и СДС манипулираат со јавноста, фрлајќи вина за висината на минималната плата врз Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а тие ја оставија државата економски опустошена

11 март 2025
Денес, Венко Филипче и СДС повторно се обидуваат да манипулираат со јавноста, фрлајќи вина за висината на минималната плата врз Владата на ВМРО-ДПМНЕ, иако многу добро знаат дека токму тие ја оставија државата во економска пустош!
Ако толку се грижеа за работниците, како што овие денови говорат, зошто СДС како помал коалициски партнер на ДУИ не ги зголеми платите кога бевте на власт? Зошто наместо да ги подобрат условите за работа, власта на ДУИ и СДС се сведе на рекетирање фирми, крадење преку тендери и гушење на приватниот сектор? Наместо зголемување на плати, Македонија доби милионски афери, распродадени државни интереси и уништени институции.
Се прашуваат зошто денес нема пари за зголемување на платите?
Погледнете во сопствениот џеб!
Функционерите на СДС организираа луксузни забави од стотици илјади евра додека работниците едвај составуваа крај со крај.
Последен таков пример е осмомартовскиот спектакл на Венко Филипче во Струмица, каде што и покрај милионите потрошени пари, народот не даде поддршка.
Сега СДС се обидува да глуми заштитник на работниците, стоејќи зад синдикати кои сами ги контролира.
Истото го правите и со корумпираниот Судски Совет, со судиите и обвинителите што ја урнаа правдата. Но народот ве прочита – сè што допирате, пропаѓа!
Наместо популистички мерки и евтини трикови, ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди реален економски раст, стабилизација на државата и одржливо зголемување на платите.
Ќе ја исправиме Македонија од калта во која ја фрливте, а вашата демагогија веќе не поминува.
СДС повеќе не е партија на народот – вие сте партија на 2%! И само толку ве поддржуваат, бидејќи сите знаат дека сè што организирате, од протести до забави, завршува со 2% поддршка – но 100% криминал.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки