• четврток, 16 мај 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска

Скопје, 24 јануари 2024 

СДС и Кузеска имаат сериозен проблем со тоа што подразбираат по европски вредности и принципи. Тоа што СДС го нарекува европско напредување, во ЕУ се смета за тонење.

Зарем последниот европски извештај на ЕК не е најдобар показател за наводната европска агенда на власта на ДУИ и СДС, извештај во кој се нотирани 10 НУЛИ, загрижувачка корупција и немање никакви европски реформи.

Зарем е европско напредување тоа што внукот на Али Ахмети без вложен денар стана сопственик на 30% од трговскиот центар Соравија?
Зарем е европско напредување тоа што истиот лик беше фатен со цел арсенал петарди и пиротехнички средства и за тоа нема никаква разврска?

Зарем било каде во Европа, сопругите на вицепремиер и директор на разузнавачка агенција преку своите невладини организации склучуваат меморандум со Владата после кои добиваат 620 илјади евра грант?

Зарем е европска вредност градоначалник од владеачката коалиција да биде ставен на црна листа поради корупција и мешање во судски постапки и за тоа да нема никаква одговорност?

Зарем европски беа шамарите во објектот на контролната кула на М-НАВ каде лица блиски до ДУИ напаѓаат контролор во време кога над Македонија има 40 прелети?

Зарем европско напредување е тоа што нема судска разврска за трагедиите како пожарот со модуларната болница, Дурмо Турс и Беса Транс?
Зарем било каде во Европа братот на вицепремиер се стекнува со луксузен деловен простор за багателна цела, а во исто време негови блиски соработници добиваат хотел на Попова Шапка по цена од една гарсоњера во Скопје?

Има ли во Европа скандали од типот на “Лотарија„, РЕК Битола“ “УЈП“ “Онкологија“ “Фирма за долна облека избрана да врши надзор на автопати“ и десетици други, а за тоа да нема никаква реакција од страна на обвинителството?

Ова се само дел од антиевропските “успеси“ на оваа власт поради која Македонија е најсиромашната и најкорумпираната земја во Европа.
Со ДУИ и СДС на власт европска иднина нема. Никогаш не било полошо и затоа важно е да ги победиме!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан