• сабота, 13 јули 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Филипче за Дојче веле

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Филипче за Дојче веле

Скопје, 12 јули 2024 

Филипче да одговори дали кога сакаше да се зајми 500 милиони евра за Клинички кој не го изгради и да смени 4 закони и еврообврзницата со каматна стапка од 7 проценти беа поповолни од сегашната соработка со Унгарија

Кога неврохирургот на Заеви Венко Филипче зборува за парите за специјалната финансиска соработка со Унгарија, а притоа се труди се да заборави од минатото ќе го потсетиме и прашаме на две едноставни прашања:

Дали кредитот од 500 милиони евра што сакаше да го земе за Клинички центар, а за кој суспендираше 4 закони меѓу кој и законот за јавни набавки е поповолен за него?

7 години подоцна, нема нов Клинички центар. А, го стопираше тој од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ.

И второ прашање за Филипче, дали задолжувањето од 500 милиони евра за евро обврзницата која ја направи владата на СДС и ДУИ со каматна стапка од 7 посто е поповолна од каматната стапка за соработката со Унгарија која изнесува 3.25%.

Заштедата сега споредено со еврообврзницата на СДС изнесува до 19 милиона евра годишно.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан