Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за изјавите на Маричиќ
- Скопје, 21 ноември 2023

Скопје, 21 ноември 2023
Не знаеме дали Маричиќ, бил на винскиот саем во Белград, но по изјавите и постапките потврдува дека бил и дека уживал во доброто вино. Факт е дека виното му штети, затоа да бидеме сериозни подобро е да пие витамини, наместо вино.
Маричиќ е министерот кој го има најлошиот извештај на Европската Унија досега.
Дополнително европската агенда е блокирана пред се поради неспособноста и криминалот на владата, и поради обидот да се наметне бугарски диктат кој го подржува владата на Ковачевски.
Со Маричиќ, СДС и ДУИ, ЕУ е само далечна желба наместо реалност на која треба да работиме.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива