Реакција на СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
- ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, Мицкоски да не го навредува народот, да не го прави цел народ криминалци.
Скопје, 8 јуни 2022
ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, Мицкоски да не го навредува народот, да не го прави цел народ криминалци.
Судот денеска низ законска постапка, базирана на докази и сведоштва донесе пресуда и кажа кои се криминалците.
ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија која незаконски се стекнала со имот вреден милиони евра и тоа во период кога државата и граѓаните тонеа во сиромаштија.
Криминалната шема за Белиот дворец е драстична, безобразна и од епски размери.
И по последната пресуда исто како и по претходните против функционери од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски наместо да се извини и да ги осуди незаконските постапки, тој денеска повторно цврсто застана во одбрана на криминалот.
ВМРО-ДПМНЕ е потврдена криминална партија и затоа Мицкоски не треба да го навредува народот, целиот народ да ги прави криминален само за да го одбрани криминалот во својата партија.
Мицкоски е претседател на партија за која што е докажано дека криминално го стекнала своето седиште.
Од денеска ниту тој ниту раководството на оваа партија немаат образ да зборуваат за ништо, а најмалку за правда и владеење на правото.
Центар за комуникации на СДСМ
_______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.