• недела, 14 јули 2024

Реакции во САД по инцидентот во кој беше ранет Трамп

Реакции во САД по инцидентот во кој беше ранет Трамп

Вашингтон, 14 јуни 2024 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден ја предводи осудата откако неговиот изборен ривал Доналд Трамп беше ранет во инцидент со пукање на митинг во Пенсилванија, при што, загинал напаѓачот и најмалку еден човек.

Политичките лидери во САД остро го критикуваа насилството неколку минути откако републиканскиот кандидат беше евакуиран од бината каде имаше митинг од страна на тајната служба, а видлива беше крв на неговото лице.

„Благодарен сум што слушнав дека тој е безбеден и се чувствува добро. Се молам за него и неговото семејство и за сите оние кои беа на митингот, додека чекаме дополнителни информации“, рече Бајден во изјавата набргу по инцидентот.

„Џил и јас сме благодарни на Тајната служба што го одведоа на безбедно. Нема место за вакво насилство во САд. Мораме да се обединиме како една нација за да го осудиме“.

Поранешниот претседател, Барак Обама, објави на Х, дека „апсолутно нема место за политичко насилство во нашата демократија“. „Иако се уште не знаеме што точно се случило, сите треба да ни олесни што поранешниот претседател Трамп не  е сериозно повреден и да го искористиме овој момент за повторно да се посветиме на почитување во нашата политика“, рече демократот.

Поранешниот претседател Џорџ Буш го осуди „кукавичкиот“ напад.

„Лора и јас сме благодарни што претседателот Трамп е безбеден по кукавичкиот напад врз неговиот живот. И ги пофалуваме мажите и жените од Тајната служба за нивната брза реакција“.

„Згрозен сум од она што се случи на митингот на Трамп во Пенсилванија и ми олесна што поранешниот претседател Трамп е безбеден. На политичкото насилство нема место во нашата земја“, напиша на X, лидерот на мнозинството во американскиот Сенат, Чак Шумер, демократ.

Топ републиканецот во Сенатот, Мич Мекконел, исто така напиша на X: „Вечерва, сите Американци се благодарни што се чини дека претседателот Трамп е добро по одвратниот напад на мирен митинг. Насилството нема место во нашата политика“.

„Како човек чие семејство беше жртва на политичко насилство, јас од прва рака знам дека политичкото насилство од кој било вид нема место во нашето општество“, напиша поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, чиј сопруг беше нападнат во домот во 2022 година.

„Му благодарам на Бога што поранешниот претседател Трамп е безбеден. Додека дознаваме повеќе детали за овој ужасен инцидент, да се молиме сите присутни на митингот на поранешниот претседател денес да бидат неповредени“.

Технолошкиот милијардер Илон Маск  изјави дека „целосно“ го поддржува Трамп по насилството на митингот. „Целосно го поддржувам претседателот Трамп и се надевам на негово брзо закрепнување“, напиша Маск на „Х“.зш/

Остани поврзан