• недела, 14 јули 2024

Над 213.000 албански граѓани за пет години добиле државјанство во земји-членки на ЕУ

Над 213.000 албански граѓани за пет години добиле државјанство во земји-членки на ЕУ

Тирана, 14 јули 2024 (МИА) – Повикувајќи се на податоците на Евростат, албанските медиуми пренесуваат дека, во изминатите пет години повеќе од 213.000 албански граѓани добиле државјанство во земја од Европска Унија.

Според истиот извор само во 2022 година околу 50.000 албански граѓани добиле државјанство на земја од ЕУ и се на третото место по Мароканците и Сиријците.

- Двете соседни земји со Албанија, познати во последните три децении и по големата емиграција на Албанците, Италија и Грција, се главни во Европа по големиот број на државјанства издадени на албански државјани.

Албанците ја предводат листата на земји од Западен Балкан според бројот на баратели на азил во Европа и се рангирани на петтото место по Турците, Грузијците, Русите и Украинците.

Извештајот не ја вклучува миграцијата на Албанците во Велика Британија, каде во 2022 година, според британските власти, 12.658 имигранти од Албанија нелегално влегле во земјата, главно преку Ла Манш со мали чамци. вт/ми/

Остани поврзан