• понеделник, 15 јули 2024

Хоџај: Српски парамилитарци и криминалци од северно Косово вклучени во плановите за убиство на Ѓукановиќ

Хоџај: Српски парамилитарци и криминалци од северно Косово вклучени во плановите за убиство на Ѓукановиќ

Приштина, 14 јули 2024 (МИА) – Поранешниот министер за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај, изјави дека српски криминалци и припадници на паравоени формации од северот на Косово се вклучени во заговорите за атентат врз поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Актуелниот потпретседател на косовското Собрание од редовите на опозициската Демократска партија на Косово, на социјалната мрежа „Х“ напиша дека истите луѓе кои сега го планираа убиството на Ѓукановиќ биле вмешани и во обидот за државен удар во 2016 година во Црна Гора.

- Српските парамилитарци и криминалци од северно Косово кои одиграа клучна улога во обидот за државен удар во 2016 година против претседателот Мило Ѓукановиќ и сега се вклучени во заговори за атентат против него. Овие настани се меѓусебно поврзани, а ги вклучуваат Белград и Москва, кои имаат за цел (да воспостават) хегемонија врз Црна Гора, напиша Хоџај.иа/

 

Остани поврзан