• понеделник, 15 јули 2024

Меланија Трамп ги повика Американците на единство по обидот за убиство на нејзиниот сопруг

Меланија Трамп ги повика Американците на единство по обидот за убиство на нејзиниот сопруг

Вашингтон, 14 јули 2024 (МИА) - Сопругата на Доналд Трамп, поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, се огласи по обидот за атентат врз нејзиниот сопруг и ја повика нацијата на единство.

- Сега мислам на вас, мои сограѓани Американци. Ние отсекогаш сме биле едно. Америка, ткивото на нашата нежна нација е растргнато, но нашата храброст и здрав разум мора да се издигнат и да не соберат заедно како едно“, напиша таа na социјалната мрежа Х.

Меланија Трамп им се заблагодари на агентите на американската тајна служба кои, како што наведува,  ги ризикуваа сопствените животи за да го заштитат нејзиниот сопруг и им изрази сочувство на сите други настрадани, вклучително и на семејството на лицето кое загина во нападот за време на митингот во Пенсилванија.

- Монструмот што го препозна мојот сопруг како нечовечка политичка машина се обиде да ја задуши страста, смеата, генијалноста, љубовта кон музиката и инспирацијата на Доналд. Суштинските аспекти од животот на мојот сопруг – неговата човечка страна – беа закопани под политичката машина.  Не смееме да заборавиме дека различните мислења, политиката и политичките игри се инфериорни во однос на љубовта, напиша Меланија Трамп.са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан