• понеделник, 15 јули 2024

Експерти: Пукањето врз Трамп му ги зголемува шансите да се врати во Белата куќа

Експерти: Пукањето врз Трамп му ги зголемува шансите да се врати во Белата куќа

Вашингтон, 14 јули 2024 (МИА) - Пукањето врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборен митинг во Пенисланија ги зголемува неговите шанси повторно да влезе во Белата куќа, сметаат инвеститори и финансиски експерти.

Трамп беше застрелан во уво на собир во Пенсилванија во саботата, што властите го третираат како обид за атентат.

- Пред пукањето, пазарите реагираа на изгледите за реизбор на Трамп со зајакнување на доларот, а тој тренд би можел да продолжи и во наредната недела, рече Ронг Рен Гох од Eastspring Investments во Сингапур.

Првото пукање во американски претседател или кандидат на партија по обидот за атентат врз републиканскиот претседател Роналд Реган во 1981 година може да влијае на изборниот натпревар на 5 ноември меѓу републиканецот Трамп и актуелниот демократ Џо Бајден.

- Како што се сеќаваме, популарноста на Реган порасна за 22 процентни поени во анкетите по обидот за атентат. Изборите веројатно ќе бидат убедлива победа (за Трамп). Тоа потенцијално ја намалува неизвесноста“, рече Ник Ферес, главен инвестициски директор во Vantage Point Asset.

Бајден се соочува со зголемени сомнежи од донаторите, поддржувачите и колегите демократи за неговата способност да го победи Трамп и да остане во чекор со барањата на работните обврски како шеф на државата.

Веднаш реагираа и букмејкерите. До петокот шансите на Трамп за победа на претседателските избори беа 61%, од денеска тие се - 69,44%.зш/са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан