• недела, 14 јули 2024

Клучни моменти од обидот за атентат врз Доналд Трамп

Клучни моменти од обидот за атентат врз Доналд Трамп

Батлер, 14 јули 2024 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше полесно ранет во напад на предизборен митинг во Пенсилванија, кој ќе биде истражуван како обид за атентат. Неколку истрели се слушнаа пет минути откако Трамп го започна говорот на отворено во градот Батлер.

Напаѓачот е убиен од агенти на тајната служба. Еден посетител на митингот е убиен, а двајца се тешко ранети, пренесоа американските медиуми. 

Клучни информации:

- Трамп зборува на митинг во Батлер, Пенсилванија, кога околу 18 часот и 13 минути по локално време го погоди куршум во пределот на увото, а во публиката се слушна врисоци.

- Трамп се фати за увото, а потоа клекна на земја додека безбедносните агенти и други притрчаа да му помогнат.

- Еден учесник на митингот загина, а најмалку двајца се повредени.

- Трамп стана со крвав дел од лицето и со стисната тупаница.

- Трамп потоа беше брзо испратен од бината до неговото возило.

- ФБИ ја презеде истрагата.

- Тимот на Трамп и тајната служба потврдија дека тој е „добро“ и дека е на преглед во локална медицинска установа.
- Трамп подоцна објави изјава на Truth Social, наведувајчи дека бил погоден од „куршум што му го пробил горниот дел од десното уво“. Има информации и дека поранешниот претседател бил погоден од парчиња стакло.

- Агентите на тајната служба го убија атентаторот. Објавен е и неговиот идентитет, станува збор за 20-годишен маж од Пенсилванија.

- Обвинителот на округот Батлер потврди дека осомничениот сторител и еден од присутните на митингот се мртви. Едно лице е во тешка состојба. Тајната служба подоцна соопшти дека две лица се тешко повредени. Сите тројца се мажи.

- Пукањето се истражува како обид за атентат, а мотивот не е познат. Истрагата може да трае со месеци.

- Тајната служба објави повеќе детали за позицијата на насилникот кој наводно пукал од покривот на блиската зграда.

- Претседателот Џо Бајден изјави дека „сите мора да го осудат политичкото насилство“. Белата куќа подоцна соопшти дека претседателот Бајден и Трамп разговарале телефонски.

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан