• вторник, 17 декември 2024

Рашфорд ќе биде жртва на револуцијата на Аморим

Рашфорд ќе биде жртва на револуцијата на Аморим

Манчестер, 16 декември 2024 (МИА) - Продажбата на Маркус Рашфорд во зимскиот преоден рок ќе предизвика пресврт во Манчестер Јунајтед. Тоа го велат медиумите во Англија по победата на „црвените ѓаволи“ со 2-1 над градскиот ривал Сити во неделата.

Разделбата со Рашфорд се смета за неопходност за да се трансформира клубот откако стандардите продолжуваат да паѓаат повеќе од една деценија.

Раководството на тимот се согласува со Рубен Аморим дека е неопходно да се продаваат фудбалери.

Маркус Рашфорд и Алехандро Гарначо беа изоставени од тимот од менаџерот за неделната победа во дербито на Манчестер Сити. И додека се смета дека патот за враќање во тимот е можен за Гарначо, чувството во клубот е дека времето на Рашфорд истече.

Новиот шеф Рубен Аморим одлучи дека Рашфорд мора да си замине за да започне пресвртот.

Менаџерот бил убеден дека има поддршка од мнозинскиот сопственик за промената што одлучил да ја направи. дс

Фото: Архива

Остани поврзан