Пипен за 647-те милиони следбеници на Кристијано Роналдо: Џордан ќе имаше двојно повеќе во 90-тите
- Легендата на НБА, Скоти Пипен верува дека Мајкл Џордан во 90-тите би имал двојно повеќе следбеници на социјалните мрежи отколку сега Кристијано Роналдо.

Чикаго, 19 јануари 2025 (МИА) - Легендата на НБА, Скоти Пипен верува дека Мајкл Џордан во 90-тите би имал двојно повеќе следбеници на социјалните мрежи отколку сега Кристијано Роналдо.
-Дефинитивно, како играч кој играше во 90-тите, не знам од каде доаѓаат тие бројки и што всушност значат бидејќи немавме социјални медиуми кога растевме. Но дефинитивно Роналдо е еден од најголемите играчи и најголемите спортисти во светот и 647 милиони зборуваат за тоа.
Ќе бидам искрен, мислам дека Мајкл Џордан би имал двојно повеќе следбеници доколку социјалните мрежи постоеја тогаш, рече шесткратниот шампион во НБА.
Џордан шест пати ја има освоено НБА-лигата, исто толку пати беше прогласен за МВП во финалето на најсилната кошаркарска лига на светот. зс/
Фото: ЕПА