• сабота, 22 февруари 2025

Продолжува кризата на Манчестер јунајтед, попладнево загуби од Брајтон на домашен терен

Продолжува кризата на Манчестер јунајтед, попладнево  загуби од Брајтон на домашен терен

Манчестер, 19 јануари 2025 (МИА) - Манчестер јунајтед загуби попладнево загуби од Брајтон со 1:3 во домашен натпревар од 22. коло на англискиот фудбалски шампионат.

„Црвените ѓаволи“ го претрпеа четвртиот пораз во последните шест натпревари во Премиер лигата и уште еднаш ги разочараа своите навивачи.

За Манчестер јунајтед ова беше 10-ти пораз сезонава по 22 одиграни натпревари.

Тимот од „Олд Трафорд“ го одигра 15. натпревар под водство на тренерот Рубен Аморим и го забележа седмиот пораз. 

Манчестер јунајтед се наоѓа на 13. место на табелата со 26 бодови, додека Брајтон е деветти со 34 бодови.

Јунајтед ќе се соочи со Ренџерс во Лига Европа на 23 јануари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан