• вторник, 23 јули 2024

Кампот во Рафа бил гаѓан со слаба муниција, пожарот бил предизвикан од секундарна ескплозија, тврди израелски претставник

Кампот во Рафа бил гаѓан со слаба муниција, пожарот бил предизвикан од секундарна ескплозија, тврди израелски претставник

Рафа, 28 мај 2024 (МИА) - Прелиминарната истрага за нападот врз кампот со раселени Палестинци во Рафа покажа дека пожарот што избувнал бил предизвикан од „секундарна експлозија“, изјави анонимен израелски воен претставник.

Тој изјави дека армијата истрелала две парчиња муниција од 17 килограми, што биле  насочени кон двајца високи функционери на Хамас.

Муницијата беше премала за да предизвика пожар сама по себе, па се испитува можноста во тој простор да имало складирано оружје, додаде израелскиот претставник.

Министерството за здравство на Хамас вчера соопшти дека во нападот врз кампот за раселени во Рафа загинаа 45 лица, а 249 се ранети.

Во кампот беа сместени бегалци од други делови на Газа кои избегаа од израелската офанзива.сд/

Остани поврзан