• понеделник, 20 мај 2024

Расчистени одроните кај селото Истибања

Расчистени одроните кај селото Истибања

Делчево, 16 декември 2023 (МИА) - Расчистени се одроните на патниот правец Делчево - Македонска Каменица - Кочани кај селото Истибања, дел од магистралата А3.

Како што информира раководителот на делчевската подружница на „Македонија пат“, Влатко Цоневски, сообраќајот на оваа делница повторно се одвива по двете коловозни ленти.

Претходно, поради големите одрони, сообраќајот на овој патен правец беше во прекин.

Паралелно, како што додаде Цоневски, извршено е чистење на патот од снежни наноси до граничниот премин „Делчево“ како и регионалниот пат кон планината Голак.

Од „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење долж патните правци во Пијанечко-малешевскиот регион и почитување на сообраќајната сигнализација. вс/бак/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан