• петок, 22 ноември 2024

Раперот Кање Вест се вброи меѓу милијардерите во САД

Раперот Кање Вест се вброи меѓу милијардерите во САД
Лос Анџелес, 27 април 2020 (МИА) - Американското списание Форбс објави дека раперот Кање Вест, како претходно и неговата сопруга Ким Кардашијан, се вброи меѓу луѓето што имаат над милијарда долари на своја сметка. Тоа, во голем дел благодарение на линијата кошаркарски патики со неговото име, којашто ја разви во соработка со Адидас. Раперот со години соработуваше со Најки, сѐ до 2013 година, кога одлучи своето име да го стави на располагање на Адидас. Првата нивна линија патики ја пуштија 2015 година. Еден чифт најнови патики со потпис на Кање Вест во САД чини 200 долари. Вест е вториот американски рапер на листата милијардери на „Форбс“. Лани тука се најде и Џеј-Зи. Ким Кардашијан има 1,3 милијарди долари на свое име.  си/ми/

Остани поврзан