• вторник, 30 април 2024

Раиси со порака до сојузниците на Израел

Раиси со порака до сојузниците на Израел

Техеран, 14 април 2024 (МИА) - Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси денеска изјави оти Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) „му одржа лекција“ на најголемиот непријател на земјата - Израел.

- Казнувањето на агресорот, што беше искрено ветување на моќниот и мудар лидер на Исламската револуција, се оствари, посочи Раиси.

Тој ги предупреди израелските сојузници да не планираат контранапад.

- Ги советуваме поддржувачите на окупаторскиот режим да ја ценат оваа одговорна и пропорционална акција на Исламската Република Иран, посочи Раиси.

Тој додаде дека во случај на непромислено однесување на Израел, реакцијата на Иран ќе биде посилна.

- Доколку ционистичкиот режим или неговите поддржувачи покажат непромислено однесување, ќе добијат порешителен и многу посилен одговор, наведе Раиси. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан